Контакт
contact@ovirium.mk

Драг читателу,

ова не

е приказна

која почнува со

„Си беше еднаш“.

Ова е приказна

која започнува

со крајот.

Вториот дел од серијалот ОВИРИУМ достапен во продажба

ЗА ОВИРИУМ

Приказна раскажана од мистериозен наратор кој нѐ впушта во чудесниот свет на ОВИРИУМ. Во првиот дел „Отаде Смртта“ се запознаваме со Матеј и неговиот пријател, Чуварот на Преминот. Преку нивните авантури дознаваме зошто Матеј е држен во заложништво целиот свој живот, за во расплетот од првиот дел да се соочиме со суровата загуба која ќе го разбрани пророштвото. Пророштво кое е двигател на мрачната цел на напредната цивилизација именувана Овириум, цел да го пронајде долгогодишниот заборавен стопроцентен човек. Само со неговото пронаоѓање, цивилизацијата, создавач на светови, ќе може да продолжи понатаму. Вториот дел од серијалот, „Помеѓу Светови“ отплетува нов јазол и нѐ запознава со нови ликови. Сестрата близначка на Матеј, Црвенокосата кралица и таинствената Оракула.

ЗА АВТОРОТ

Агрон Усеини

Агрон Усеини е роден во Скопје во 1988 година. После скоро две децении творење скриено зад слободното време, неговото прво дело доживува отелотворување во светот на книжевноста.

продажна мрежа

Книгата можете да ја купите на следните продажни места.

КУПИ ОНЛАЈН

Првите два дела од серијалот ОВИРИУМ достапни на www.kniga.mk, www.bookland.mk, www.kupikniga.mk, www.korica.mk и во книжарниците на ТРИ, BookLand и низ други поголеми книжарници низ Македонија.