Контакт
contact@ovirium.mk

Драг читателу,

ова не

е приказна

која почнува со

„Си беше еднаш“.

Ова е приказна

која започнува

со крајот.

ДОБРЕ ДОЈДЕ ВО СВЕТОТ НА

ЗА ОВИРИУМ

Ова не е приказна која почнува со „Си беше еднаш“.

Ова е приказна која започнува со крајот. Но не крајот на течението на приказната, туку крајот кој сите го знаат како Смртта, и светот од каде што потекнува. Овириум е раскажана од мистериозен наратор. Препушти му се на мистериозниот „лудак“ да ти ја раскаже приказната за невообичаениот Матеј и откровението кое ќе му го промени животот. А, измеѓу Матеј и неговото откровение има цел еден свет кој е подготвен да биде впиен од твоите емоции.

Дали си подготвен да го откриеш цел тој свет?

ЗА АВТОРОТ

Агрон Усеини

Агрон Усеини е роден во Скопје во 1988 година. После скоро две децении творење скриено зад слободното време, неговото прво дело доживува отелотворување во светот на книжевноста.

Иако уште од млади години ја има откриено својата желба за творење, неговите ракописи стојат запрашени во фиоките, сè до ова негово првенче „Овириум“. Овој прв дел од серијалот на книги насловен како „Овириум – отаде Смртта“ е негово прво официјално издадено дело во книжевниот етер со што придонесува до збогатување на полиците на домашната книжевна сцена во област која се чини запоставена, односно се вбројува во редот на научнофантастичните романи. 

Албум

ОВИРИУМ

Ти подарувам цел албум предводен од емоциите кои секој лик ги доживува. Впушти се во морето од компози­ ции кои ќе ти ги брануваат чувствата со секој свртен лист од приказната.

Албумот е компониран од Андреј Блажевски – (Andron)

1. Беснилото на клавишот by
  • 1. Беснилото на клавишот
  • 2. Телото на Смртта
  • 3. На чекор до Преминот
  • 4. Бегство
  • 5. Длабочините на вистината
  • 6. Преминот
  • 7. Безимено Чудовиште
  • 8. Војна на световите
  • 9. Непознати чувства
  • 10. 66% Овир
  • 11. 1% човек

продажна мрежа

Книгата можете да ја купите на следните продажни места.

КУПИ ОНЛАЈН

ОВИРИУМ – отаде Смртта достапна на www.kniga.mk, www.bookland.mk, www.kupikniga.mk, www.korica.mk и во книжарниците на ТРИ, BookLand и низ други поголеми книжарници низ Македонија.