Албум
ОВИРИУМ
Една книга не ја сочинуваат само бројот на листовите. Таа е сочинета од приказната која како игла се провира во умот на читателот и ги везе ликовите правејќи ги реални. А низ целиот тој преплет од визуализации, „Овириум“ е сочинета и од мелодија. „Мелодијата на Смртта“ би ја нарекол еден од ликовите.
Ти подарувам цел албум предводен од емоциите кои секој лик ги доживува. Впушти се во морето од компози ции кои ќе ти ги брануваат чувствата со секој свртен лист од приказната.
Албумот е компониран од Андреј Блажевски – (Andron)
слушај го Албумот
ОВИРИУМ
Албумот можеш да го слушаш на веб страницата или да го преземиш од Google Drive.
- 1. Беснилото на клавишот
- 2. Телото на Смртта
- 3. На чекор до Преминот
- 4. Бегство
- 5. Длабочините на вистината
- 6. Преминот
- 7. Безимено Чудовиште
- 8. Војна на световите
- 9. Непознати чувства
- 10. 66% Овир
- 11. 1% човек

Композитор
Андреј Блажевски
Андреј Блажевски е роден во 1995 година во Скопје. Дипломира на Факултетот за музичка уметност, насока Сонологија со мултимедија во Скопје кај проф.др. Димитрије Бужаровски, a композиција работи со проф.мр. Јана Андреевска, каде се стекнува со знаења од областа на дигитална обработка на звук, композиција, продукција, дигитализацијата и архивирањето на нотни записи, аудио материјали.
Блажевски пројаува интерес воедно за класичната и електронската музика, чие влијание се чуствува во неговите дела. Автор е на солистички и камерни дела од областа на сериозната музика. Активен е на полето на театарската и филмската музика, а во последните години активно работи и во полето на електронската музика (ака. Andon) и електро-акустиката.
Делата му се изведувани на фестивалот Денови на Македонска Музика.
Добитник е на награди од страна на Министерството за култура на Македонија за нековите композиции: Процес (за гудачки квартет), Слобода ( за мешан хор), Ладно уништување (електро-акустична композиција).
КУПИ ОНЛАЈН
Првите два дела од серијалот ОВИРИУМ достапни на www.kniga.mk, www.bookland.mk, www.kupikniga.mk, www.korica.mk и во книжарниците на ТРИ, BookLand и низ други поголеми книжарници низ Македонија.